Здраво на сите, луѓе внимавајте, на Рекорд се движи човек кој прави чудни работи (ФОТО)

1246

Сакам само да ве предупредам дека на Рекорд се движи човек кој стои позади автобуската постојка и чека да застане некој автобус,кога веќе ќе застане автобусот се ствара гужва и тој влегува во гужвата како демек ќе се качува во автобус и зема од џебови или чанти неприметно телефони/пари и сл. се симнува од автобусот и чека нов автобус и шанса за повторно да украде и така секогаш.

Освен тоа што краде и знае дека е виновен ако му се развикате или ако ве слушне дека ги предупредувате останатите да внимаваат на својте работи ве напаѓа.

Мене ми се случи тоа бидејќи предупредив една бабичка да внимава на својте работи тој ме чул и почна да ме удира со весник по глава и избега.После неколку дена истиот човек кај Државна болница(што значи дека менува локации) се обидел да му украде на некој дедо пари од џеб,мајка ми видела почнала да му вика и тој ја нападнал сакал да ја повлече за јакна но таа го турнала и тој побегнал.

ЗАТОА ВНИМАВАЈТЕ!!!!!!!

ЧОВЕКОТ СЕКОГАШ НОСИ ЦРНА ЈАКНА И КАПАТА ОД ЈАКНАТА МУ Е НА ГЛАВА СЕКОГАШ НЕ Е МНОГУ ВИСОК,ПРЕМНОГУ Е СЛАБ И КОЖАТА НА ЛИЦЕТО МУ Е ЧУДНА!

Чувајте си ги личните работи и внимавајте!