Здравствен работник : Заслужувате да ги фрлиме скафандерите и униформите

682

Емотивна реакција на македонски здравствен работник разочаран од скандалот со заразената пратеничката која што во скафандер со амбулантно возило отиде да гласа во Собранието.

Велешанецот Ангел Драскачев кој како и неговиот колеги здравствени работници од лани во март немаат одмор и се постојано на работа заклучува дека тие што за политички цели ги кршат здравствените протоколи заслужуваат здравствените работници да ја фрлат својата Заштита опрема.

Заслужувате да ги фрлиме скафандерите и униформите, пишува Драскачев кој не може да се начуди како е можно пратеничка да добие Амбулантно возило а обични граѓани во критична состојба некогаш да не можат да дочекаат помош затоа што нема амбулантно возило.