Голем број на граѓани биле зачудени откако на небото здогледале зелена топка, а набрзо потоа социјалните мрежи биле преплавени со снимки и фотографии од оваа појава.
Дури и полициска патрола која била на задача ја снимиле необичната појава на небото, а на снимката може да се види како оваа огнена топка бавно лета.
When you come across a meteor whilst on burglary patrols #fb pic.twitter.com/pr9nEJkN2z
— Karratha Police (@KarrathaPol) June 14, 2020
Набрзо потоа се огласија и експертите кои открија дека најверојатно станува збор за астероидот “2002 NN4” чие минување покрај Земјата се очекувало во тој период. Глен Негл, научник во станицата на „НАСА“ во Канбера изјави дека зелената боја е веројатно поради големата количина на железо во објектот.