Жена(51) добила забрана еден месец да не смее да се приближува до семејната куќа, бидејќи го нападнала мажот (55) и за малку ќе го прободела со нож додека биле во кревет со неговата љубовница (40). Таа претходно, по долго убедување, се согласила сопругот да ја донесе љубовницата во куќата затоа што наводно ќе им го „освежела бракот“.
Меѓутоа, додека сите биле во кревет, сопругот повеќе се посветил на својата љубовница отколку на сопругата, што ја разбеснило неговата сопруга, па го клоцала во креветот и го нападнала со нож. Сопругот едвај се одбранил од својата луда сопруга, а љубовницата повикала полиција.
Изворот вели дека тие поминале 11 години во невенчан брак и заедно стекнале куќа, но тој започнал љубовна врска со друга жена пред неколку месеци.
– Сопругот веднаш и признал на сопругата дека има љубовница и таа тогаш била бесна, но тој некако успеал да ја смири. Тогаш тој започнал да ја убедува дека ќе биде подобро љубовницата да дојде кај нив дома, и тројцата да живеат заедно. Прво, сопругата не сакала ниту да слушне, но сопругот бил упорен и ја уверувал дека не е вљубен во својата љубовница. Тој рекол дека за сите би било корисно љубовницата да се всели, бидејќи ќе им помогне и на двајцата – тврди изворот.
Тој ја уверувал својата сопруга дека ќе имаат само корист од неговата љубовница, бидејќи таа ќе ги извршува повеќето домашни работи. Тој исто така и рекол дека во таа ситуација, тој исто така „повторно ќе се чувствува како маж“, бидејќи не можела да има редовни односи со него поради влошената здравствена состојба.
– Клучниот аргумент во тоа убедувањео е дека престојот на љубовницата во куќата ќе го освежи нивниот брак. Тој ја убедил својата сопруга дека не е ништо страшно и дека има многу такви врски во кои помладите жени успеале да допринесат брачните парови повторно да се вљубат и таа конечно се согласила – тврди изворот.
Меѓутоа, кога се преселила, започнале мали препукувања и прозивки. И покрај тоа, младата жена се грижела за домаќинството и имале редовни односи со домаќинот. По една недела поминато во таква заедница, двете жени жестоко се скарале и за да ги смири, мажот од село во близина на Кладово ги поканил и двете во кревет.
За време на предиграта, тој посветил поголемо внимание на својата љубовница, поради што жената ја нападнала нејзината соперничка, која побегнала од креветот.
Бидејќи двајцата не се во брак, тој не може да биде обвинет за полигамија. Против жената е поднесена пријава за семејно насилство и забрането и е да се приближува до куќата.
Ниту еден од актерите во оваа приказна не сакал да дава изјави за медиумите.