Една 74-годишна жителка на Еквадор, која по грешка е прогласена за жртва на епидемијата на коронавирусот во таа земја, сепак е жива.
До забуна дошло за време на промена на идентитетот во болницата во која била лекувана од респираторни проблеми.
Бидејќи минатиот месец е објавено за нејзината смрт, семејството на Алба Марури ги добило и нејзините наводни посмртни останки после кремирањето, пренесува „BBC“.
Меѓутоа, Марури во четвртокот се разбудила во болница од 3-неделната кома, барајќи од лекарите телефонски да ја повикаат нејзината сестра. Членовите на нејзиното семејство биле среќни кога дознале дака таа сепак е жива, но сега не знаат чив пепел е во нивниот стан.
Внукот на Марури изјавил дека, после нејзината наводна смрт, на семејството во мртовечница му било донесено тело на жена која до некаде многу личела на неа, но дека сепак не можеле да воочат дека станува збор за грешка, бидејќи, поради опасноста од заразата, телото го виделе само од далеку.
Болницата во Гуајакали, епицентар на коронавирусот во Еквадор, му се извинила на семејството за грешката, предизвикана од хаотичната состојба во таа установа по избивањето на епидемијата.
Во Еквадор се забележани повеќе од 22.000 случаи на Ковид-19, а бројот на починати е близу 600.