Жена за се’ – Мишел Фајфер ги воодушеви колегите со својот талент за сликање

623

Мишел Фајфер, прекрасната актерка на која се сеќаваме по многуте незаборавни улоги, времето во карантин го поминува инспиративно.

Згодната Американка која и во 62-та година мами погледи со својата  убавина, не е само талентирана глумица, туку и талентирана сликарка.

Мишел на својот Инстаграм профил каде од ден во ден има се повеќе следбеници го постави својот автопортрет кој ја воодушеви јавноста и нејзините пријатели и колеги.

Следеа бројни пофалби од нејзините славни пријатели како Мелани Грифит, Наоми Вотс, Наоми Кембел… Воодушевена била и Саша Спилберг, ќерката на познатиот Стивен Спилберг која само напиша: „Мишел!!!“.

Инаку, како што се зборува, Мишел би можела да ја репризира својата улога „Жена-мачка“ од 1992 година каде што Бетмен го глумеше Мајкл Китон кој веќе е во преговори да глуми во филмот „The Flash“. Актерката во последно време можевме да ја видиме во филмот: „Ant-Man and the Wasp’ i ‘Maleficent: Mistress of Evil“ во друштво со Анџелина Џоли и Ел Фенинг.

Дијабетичарите можат да јадат слатки! Главниот непријател на дијабетесот е ..