Жена во Мериленд е уапсена поради обид за убиство откако ја запалила својата куќа во која имало едно лице, па ја изнела столицата на тревникот, седнала и „уживала во глетката“.
47-годишната Гејл Митвели е снимена како во својот двор, со книга во рацете седи и мирно гледа во нејзината куќа која ја голта пламенот.
Очевидци за локалните медиуми открија дека Митвели на неколку места во куќата запалила оган по што излегла надвор и се восхитувала на своето дело. Набрзо целата куќа била зафатена од огнот, а од подрумот се слушало како жена извикува „Помош“.
Благодарение на случајните минувачи кои реагирале, таа била извлечена на безбедно.
Во меѓувреме Митвели побегнала, но била уапсена од полицијата набрзо потоа. Засега не е позната причината за подметнувањето на пожарот, но една од роднините за тамошните медиуми открила дека Митвели се лекувала поради ментални проблеми.