Жената со најголемата уста го воодушеви новинарот, му покажала што сѐ може да собере во неа!

679

Американката Саманта Рамсдал го собори Гинисовиот рекор за најголема женска уста на светот, а сега во живо на телевизија демонстрирала колкава количина и што се може да собере во неа.

За време на гостувањето во емисијата “This Morning” земала јаболко кое цело го ставила во устата, а потоа истото го направи и со сендвичи.

“Еве луѓе, ова значи да сѐ има најголема уста на светот”, рекол водителот.

Како што е објавено на официјалната страница за Гинисови рекори, на Саманта устата ѝ е широка дури 6.52 центиметри. На социјалните мрежи редовно ја покажува својата голема уста, а на Тик Ток ја селдат 1.700.000 луѓе.

“Да се има 31 година и да се држи рекорд за нешто за кое сум била несигурна и сум посакувала да биде помало е супер чувство, бидејќи тоа сега е едно од најдобрите работи за мене”, заклучила таа.