ЖЕНИТЕ ЧЕКААТ ВО РЕД ЗА ДА ГИ ЛЕЧИ ДОКТОР МИХАЈЛО: ТИЕ ТВРДАТ, ВАКА ИЗГЛЕДА МАЖОТ ОД СОНИШТАТА (ФОТО)

930

Обожавателите на докторот, кој на Инстаграм важи за најпривлечен медицински работник, се налутија откако видоа дека ужива без маска.

Доктор Михајло Варшавски, кој ги привлекува женските погледи ширум светот, стана мета на критики откако е уловен како лудува на еден брод без маска.

Михајло, кој е русин по потекло, е познат лекар од Менхетен, а на социјалните мрежи го следат стотици илјади жени кои се воодушевени со неговата убавина. За жал, откако се појави снимка на која се гледа како младиот доктор лудува без маска, многу обожавателки му упатија критики.

“Нам постојано ни велиш да носиме маски, а ти што правиш”, гласеа коментарите на корисниците на социјалните мрежи.

Михајло, познат како доктор Мајк, го прослави својот 31. роденден во друштво со убавица на еден брод во близина на Мајами, а на снимките се гледа како се гушка со неа, додека никој од нив нема маски.

Потоа се појави и снимка како на една девојка и го масира вратот, додека крај нив стои шише шампањ, што дополнително ги налути обожавателките.

-Знам дека тоа е твој живот и дека можеш да правиш што сакаш, но ти сам избра да бидеш јавна личност. Во склад со тоа, а и поради својата професија, мораш да внимаваш како се однесуваш. Некогаш те почитував и ги ценев твоите совети, но после ова повеќе не – напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Варшавски, кој во 2015. година магазинот “People” го нарече “најпривлечниот доктор”, од пролетта постојано апелира на граѓаните да користат маски.

-Не е важно дали таа е хируршка, памучна или свилена. Целта на маските е да се оневозможи преку капковен пат да се шири заразата – раскажа неодамна докторот за медиумите.

Со разговор со американскиот епидемиолог, познатиот доктор Фаучи, Михајло истакна дека дистанцата е навистина важна за да се спречи ширењето на вирусот.

Убавиот Михајло на Инстаграм го следат речиси 4 милиони луѓе, на Фејсбук само еден милион помалку, додека неговите совети на Јутјуб ги следат повеќе од 6,5 милиони луѓе.

Извор близок на докторот се обиде да го одбрани потегот на Варшавски, зборувајќи дека Михајло ја симнал маската во моментот кога влегол во морето.

-Докторот ја тргна маската додека се капеше. Ова беше приватен брод – изјави извор близок на Михајло, истакнувајќи дека окторот и понатаму смета дека носењето маска и физичка дистанца се клучни во спречувањето на ширењето на вирусот.

-Сакам и да се знае дека сите протоколи и препорачани мерки на прославата беа испочитувани. Вклучувајќи го и капацитетот за пополнетост на бродот, како и тестирањето – додал изворот.