Жените во породилиштето за појадок добивале тенко исечена салама и две зденка, иако треба да добиваат добра храна за да имаат млеко за своите бебиња

520

Тенко исечена саламичка и тоа само половина парче, зденка и леб, вака изгледа појадокот на жените во породилиштето.

Жени, кои само што се породени, жени кои треба да внесуваат витамини во себе, за да добијат млеко и да можат да ги хранат своите само што родени бебиња.

-Пред породување, кога ги прашував сестрите во породилиште, како да се хранам за моето бебе да нема грчеви, да имам повеќе млеко, една од сугестиите беше да се избегнува сувомеснати производи. Неколку дена после тоа, на свет дојде моето бебе, а еве го и појадокот, раскажува една мајка од Куманово, која ни ја испрати фотографијата.