Познатата италијанска актерка и манекенка со романско потекло, Мадалина Генеа, била фотографирана додека уживала во ексклузивното италијанско летувалиште Портофино, а оваа убавица по обичај мамела бројни погледи и воздишки.
Мадалина своето време го поминувала со млад, згоден маж за кој медиумите веруваат дека е нејзиниот нов избраник, иако таа често се појавува во машко друштво и никогаш не се знае со сигурност дали се само пријатели или нешто повеќе.
Атрактивната бринета парадирала на плажата во провокативно бикини кое ги истакнувало нејзините бујни гради, тенкиот струк и витките, долги нозе.

Оваа 33-годишна девојка која ја нарекуваат и новата Софија Лорен, често добива критики на Инстаграм дека претерува со Фотошоп.
Мадалина ја поврзуваа со Жерар Батлер, Леонардо ди Каприо, Вито Шнабел и уште други успешни славни заводници, а од врската со Романецот Метју Стратан ја има ќерката Шарлот.

Таа неодамна одговорила и на прашањето зошто никогаш не се венчала, истакнувајќи дека љубовта на нејзиниот живот се нејзината ќерка и нејзината мајка и дека попрво би била сама и среќна отколку со погрешен партнер.




