Жешката мисица Кристина Димитриевска стави две тетоважи одеднаш (фото)

643

Откако Тамара Тодевска го истетовира делот на македонската химна кој не го испеа, некако кај познатите работата како да тргна периодов се почесто да бидат во тату студио и да си направат некоја тетоважа.

На Панчо Шорти му се исполни сонот Македонија да игра фудбал на Европско, па и тој ги тетовираше имињата на македонскиот тим на позадина од македонското знаме. Но, Панчо е еден од оние Македонци кои може да се каже дека имаат најголем број тетоважи на себе, па дури и самиот вели дека не знае колку ги има.

Велат дека оние што еднаш се тетовираат, никогаш не застануваат со една тетоважа, а во таа група се приклучи и мисицата Кристина Димитриевска, која пак реши да направи две тетоважи на едно одење кај тату артист, а истото неодамна го стори и Мелита Ракиќевиќ.

ФОТО:КРИСТИНА/ДИМИТРИЕВСКА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Таа на својот Инстаграм се пофали дека направила не една, туку две тетоважи одеднаш. Двете ги стави на левата рака, спооред приложеното едноставни симболи, но на впечатливи места, додека за значењето не откри ништо.

ФОТО:КРИСТИНА/ДИМИТРИЕВСКА/ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Тетоважите отсекогаш биле во тренд, но периодов очигледно станаа ултра актуелни.