ЖИВЕЕЈА НА УЛИЦА СО ГОДИНИ, А ПОТОА ИМ ПРИЈДЕ ЖЕНА И СО ПАРЧЕ ХАРТИЈА ИМ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ

569

Четворица бездомници во Брест, Франција, добија 50.000 евра на лотарија, благодарение на една жена што им даде билет за лотарија.

Бездомниците, вклучително и една жена, седеа, како и обично, пред продавница за цигари, кога клиент излезе од продавницата и им даде гребка. Според медиумите, бездомниците барале на сите да им бидат исплатени 12.500 евра.

– Тие не знаат што да прават со толку многу пари, но тоа дефинитивно ќе им помогне да променат нешто во нивните животи – објави Француската државна лотарија (ФДJ).

„Тие беа пресреќни, парите ќе им помогнат во овие тешки моменти“, изјави сопственикот на продавница за цигари за АФП.

Не е невообичаено клиентите да даваат пари на бездомници, цигари или билет за лотарија, вели овој човек, а пренесува „Хојте“.