Зимско, ама голо: Ирена Спасовска пак има нова гола фотографија – овој пат интимата ја покри само со крзнено перниче (фото)

983

Фолк пејачката Ирена Спасовска изминатите неколку месеци, особено откако е ставена забраната за музички настапи поради коронавирусот, таа стана се поактиелна во медиумите и на социјалните мрежи.

Причина за тоа се нејзините се почести разголени фотографии на кои како да слави за се’ она што и го дал животот.

Па така, слободна и раскомотена, нема проблем да направи провокација, да покаже сек*апил и тоа дека и е убаво во сопствената кожа.

На Спасовска и стана ептен комфорно и задоволство да позира пред фото-објективот, па веќе и да не и треба причина за да направи некоја нова фотосесија.

Новите профокативни фотографии редовно осамнуваат на нејзиниот профил, па преку нив како да си ги полни батериите и си прави она што и е убаво на душата.

ФОТО: ИРЕНА СПАСОВСКА/ФЕЈСБУК/KAROLINA DI PHOTOGRAPHY

Редовна е во салоните за убавина, теретана, познати скопски ресторани, рекламира производи за подобар имунитет и здравје… А за тоа да му се понуди на народот треба и самиот да изгледаш така.

Овој пат, објави фотографија каде е разголена, а интимните делови се  покриени со крзнено перниче.

Зимско, ама голо – во стилот на Ирена Спасовска!