Златко Ориѓански со силна порака: „Таа е ВМРО, јас сум контра ВМРО, но вчера Аспасија Софијанова ѝ го спаси животот на ќерка ми“

811

Доктор Аспасија Софијанова пред неколку денови беше вратена на позицијата директор на Детската клиника во Скопје.

Денеска, преку Фејсбук статус музичарот Златко Ориѓански упати пофални зборави за нејзиниот квалитет на работа и ѝ се заблагодари на Софијанова, која вчера го спасила животот на неговото дете.

„Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, ВМРО, јас сум контра ВМРО, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не! На крајот, таа ми подари своја книга, јас ѝ подарив моја музика. Животот е сепак, над сè! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас“, напиша Ориѓански во знак на благодарност.