Причина за протестите во Атина е пресудата за популарната политичка групација, екстремно десничарската “Златна зора”, која атинскиот суд утрово ја прогласил за криминална.
“Златна зора”, потсетуваме, била трета по сила партија во грчкиот парламент во времето на грчката должничка криза.
Со денешната пресуда завршил петгодишниот судски процес. Со пресудата е утврдено дека седуммината поранешни пратеници, вклучувајќи го и лидерот на партијата Николаос Михалолиакос, се виновни водење на криминална организација, додека останатите се виновни за учество во криминална организација.
Η ώρα που η αστυνομία αποφασίζει να διαλύσει την πορεία. Χωρίς λόγο. pic.twitter.com/9tkY0T9Cfe
— Jaquou Utopie (@Jaquoutopie) October 7, 2020
Пред судот бил одржан, како што пишува “AP”, антифашистички собир, на кој присуствувале околу 15.000 луѓе. Меѓутоа, на улиците имало и приврзаници на Златна зора, и дошло до помали судири со полицијата која од група граѓани била гаѓана со камења.
“AFP” пренесува дека бил фрлен солзавец и дека се користени водени топови.
Групата мажи која се судрила со полицијата носела качулка, а кон органите за ред фрлала молотови коктели, димни бомби и разни други предмети на полициските сили.