Дупката на рачката од тенџерето има сосема конкретна и практична цел за време на готвењето и таа не е тука само поради изгледот. Ако мислевте дека е тука само поради изгледот – сте се излажале.
Младите домаќинки може ова не го знаат, но таа дупка е дизајнирана со цел во неа да може да ставите дрвена лажица за мешање на јадењето кое се припрема и слично. Знаејки го ова сега веројатно никогаш повеќе нема да се размислувате каде да ја ставите лажицата за време на готвењето а таа да остане чиста и сува. Проблемот е решен, а решението постојано било пред нашите очи. Едноставно нели?
Со помош на оваа состојка лесно исчистете ја загорената тава
Најлошиот дел од готвењето е чистењето отпосле. Поголем проблем се создава доколку храната ви загорела, па миењето на тавчињата претставува уште поголем кошмар. Но, благодарение на оваа состојка овој проблем е минато.
Се што ви треба е: вода, сол и сунѓер.
Во тавчето ставете топла вода и додадете 2-3 лажици сол. Промешајте ја солта и оставете го така тавчето 2 минути. Потоа, префрлете го тавчето на шпоретот и зовријте ја водата. Откако водата ќе почне да зоврива, оставете ја да врие уште 15-тина минути.
Вриењето треба да го исчисти загорениот дел, но доколку тоа не се случи нареден чекор е т.е “солен пилинг”. Истурете го поголемиот дел од топлата вода, а во остатокот од водата додадете уште неколку лажици сол. Сунѓерот искористете го за да го исчистите тавчето целосно.
Со помош на овој трик миењто садови веќе нема да биде најмалку посакуваната активност.