Зомби елени во Америка: Опасен вирус забележан во 24 држави, експертите стравуваат: Наскоро ќе напаѓа и луѓе

1241

Смртоносната болест со хронично слабеење – CVD – наречена “Болест на Зомби елени” – масовно убива елени и лосови во 24 американски држави и две канадски провинции.

Вирусот го напаѓа животинскиот мозок, рбетниот мозок и други делови од телото, пред да предизвика смрт. Други симптоми вклучуваат губење на тежина, недостиг на координација и епизоди на хиперагресивност. 

А сега дошло и предупредување дека болеста е пренослива на луѓе.

Мајкл Остерхолд, директор на Центарот за истражување на инфективни болести на Универзитетот во Минесота, предупредил дека луѓето би можеле да бидат следни жртви.

“Веројатно е дека случаите со консумација на контаминирано месо ќе се документираат во наредните години. Можно е бројот на случаи на луѓе да биде значаен и нема да бидат изолирани случаи. Луѓето мора да го сфатат значењето на ова и не можеме да ги чекаме првите случаи”, вели тој.

Споредувајќи ја епидемијата со кризата на болеста на лудите крави во 90-тите, Остерхолд рекол дека CVD би можела многу брзо да се развие како болест која убива луѓе.

Центрите за контрола и превенција на болести – CDC тврдат дека луѓето кои би заболеле од оваа болест до неа веројатно ќе дојдат преку консумирање на месо.

Се проценува дека во САД секоја година се јадат околу 150.000 заразени елени – се очекува пораст од 20 проценти.

Меѓутоа, Остерхолд тврди дека сепак не е сигурно дека луѓето ќе бидат заразени по овој пат.

CDC на својата интернет страна наведува: “Од 2000-та година, подрачјето за кое се знае дека е погодено од CVD се проширило на најмалку 24 држави, вклучувајќи држави на средниот запад, југозапад и ограничени подрачја на источниот брег”.

“Можно е CVD да се појави и во други држави без моќни системи за надзор на животни, но такви случаи досега не се откриени”.

“Кога CVD се појавува на некое подрачје, ризикот може долго да остане во окружението. Оштетените подрачје веројатно ќе продолжат да се шират”, предупредуваат од CDC.