На јавноста и е тешко да прифати дека САРС-КоВ-2 е биолошко оружје поради релативно ниската смртност, но тоа ги исполнува сите критериуми на био-оружје. Тоа е заклучокот на научниот труд на Ли Менг Јан, професор од најреферентната био-лабораторија на Универзитетот во Хонг Конг, која е од 28 април жител на САД.
Според неа, вирусот е значително вирулентен и може да предизвика големи жртви. Тој е многу заразен и лесно се пренесува, честопати со респираторни средства во форма на аеросоли. Тој е релативно отпорен на промени во животната средина, може да го издржи транспортот и е способен за насочено ослободување.
На повеќе од 50 страници, професорката Јан и нејзините тројца колеги од Кина тврдат дека вирусот САРС-КоВ-2 е создаден со работа во неколку светски лаборатории, од кои оние во Кина се под контрола на локалната армија, пренесуваат „Новости“.
Како еден од главните автори на франкенштајн-вирусот, таа ја споменува д-р Зенгли Ши, во западните медиуми позната како „Бетвумен“ (жена лилјак), која експериментира со лилјаците од 2012 година.
Професорката Јан, која избега од Хонг Конг на 28 април, и нејзините колеги тврдат дека вирусот „RaTG13“, е резултат на работата на Зенгли Ши и нејзините соработници. Тој е настанат во 2013 година од лилјаците кои биле истражувани и овој вирус е 96 проценти идентичен со САРС- KoV-2. Потоа таа измама била воведена во светската GenBank откако бил извршен фалсификат на компјутерите.
Трудот на професорката Ли Менг Јан беше објавен на 8 октомври во истражувачкиот ковид портал „Зенодо“ : „САРС-КоВ-2 како неограничено биолошко оружје“ сега почнува да ја тресе „медицинската научна заедница“ во светот.
Ова е втора анализа, во период од седум дена, со истите заклучоци, а првото истражување е објавено во Америка од научно-истражувачката група „Драстик“ предводена од д-р Лаврен Селин, во чие портфолио се наведува дека има 29 годишно искуство во медицинско истражување и е ветеран во војните во Авганистан. Ирак.
Групата Драстик состави список од 36 точки за да го поткрепи тврдењето дека вирусот САРС-КоВ-2 може да потекнува од програмите за развој на вакцини и побара од администрацијата на Трамп „да не се потпира на меѓународната научна елита и медиумите кои имаат финансиски интереси, туку да назначи независна и објективна работна група за утврдување на вистинското потекло на овој корона вирус”.
Инаку, професорката Ли Менг Јан беше пречекана во Америка како „кинески Сноуден“, која треба да сведочи за кинеската одговорност за појавата на инфекцијата. Во меѓувреме, во средината на септември, нејзините налози на социјалните мрежи во САД беа суспендирани откако за прв пат зборуваше за биотероризмот на Фокс њуз.
Нејзината мајка беше уапсена минатата недела во Кина, а последното дело нема да и донесе „популарност“ во Светската здравствена организација. Имено, таа претходно тврдеше дека лично го известила својот шеф, првиот човек на најпрестижната био-лабораторија во светот (инаку експерт за СЗО) за истражување на колегите и дека вирусот е плод на кинеските лаборатории. Според нејзините зборови, нејзиниот шеф ја советувал да молчи заради сопствената безбедност и затоа решила да побегне во САД.
Според извештајот на Ли Менг Јанг, “контроверзниот” вирус RaTG13 има „неколку абнормални карактеристики“. Првично се тврдеше дека е тој изолиран од примероци од измет на лилјак- но сепак само 1,7 проценти од суровите вредности на секвенционирањето се бактериски, додека примероците од фекални брисеви обично се 70-90 отсто бактериски. Второ, геномската низа за RaTG13 содржи сегменти на потекло кои не потекнуваат од лилјаци, туку од лисици, летачки лисици, верверички и други животни.
Доказите овде јасно укажуваат на тоа дека сите нови вируси од семејството корона, кои неодамна ги објавија лабораториите контролирани од СЗО, се измами и не постојат во природата.
Невозможно е редоследот на аминокиселините на протеинот Е да остане непроменет кога наводно вирусот неколку пати ја преминал бариерата на видовите ( помеѓу различни видови лилјаци, од лилјаци до панголини и од панголини до луѓе), се тврди во работата на професорката Јан.