Зоран Заев: Европската унија нè разочара со вакцините

545

Во интервјуто за “Wort”, македонскиот премиер Зоран Заев вели дека Македонија се разочарала од ЕУ и со набавката на вакцини против ковид-19.

“Би бил нечесен ако не признаам дека ЕУ нѐ разочара со набавката на вакцини за корона. Но, ни рекоа дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините, вели премиерот, пренесува “МИА”.

Тој истакнал дека и покрај тоа, Македонија можела да смета на солидарноста на соседна Србија.

“Но, да, можевме да сметаме на српската солидарност и сега исто така нарачавме дози од Кина и Русија” вели Зоран Заев.

Со однесување како тоа на Бугарија, Европката унија немаше да постои

Заев во истото интервју вели дека Македонија ја продолжува “европеизацијата” и покрај блокадата од Бугарија за добивање на датумот за преговори.

“Точно, неблагодарно е што нашиот сосед, Бугарија, стави ново вето за нас во декември 2020. Главната цел е да се решат историските разлики во интерпретациите помеѓу Скопје и Софија. Морам да кажам дека со вакво однесување, ЕУ никогаш нема да постои, Европејците гледаа кон иднината, не минатото”, вели Заев, пренесува “Фактор“.

“Мислам дека сѐ уште можеме да изнајдеме решение за бугарското вето пред јуни. Ова бара помош од остатокот од ЕУ која исто така треба да докаже дека ги почитува вредностите на ЕУ и дека историските спорови не смеат да бидат пречка за иднината на земјата”, додал премиерот.

Потсетуваме, Зоран Заев денеска е во посета на Луксембург каде лобира за поддршка за формалното отворање на преговори со ЕУ и надминување на ветото на Бугарија.