Зорица Чавкова: Дајте доказ дека татко ми сакал да бега на Халкидики

854

Ќерката на ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков го повика обвинителството да даде доказите дека нејзиниот татко поседува вила на Халкидики и дека планирал да бега.

Според неа, обвинителството работи под присила на, како што ги нарекува, нарачателите, и дека тие ќе бидат разоткриени.

Чавкова предупреди дека за овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти и сите амбасади.

Синоќа ексдиректорот на БЈБ, заврши во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, откако судот му одреди притвор поради тоа што до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнале оперативни податоци од полицијата дека планира да бега.