Што е тоа што го прави бензиот привлечен и може ли да му наштети на здравјето? Прво, неопходно е да разјасниме што е тоа нафта.
Таа се состои од бензин и други компоненти кои се наоѓаат и во некои производи за чистење, фарби или лепила. Свесно или намерно вдишувањето на ваквите мириси може да биде штетно, бидејќи делува анестетички на мозокот и го попречува функционирањето на нервниот систем, што понатаму може да предизвика состојба на еуфорија.
Но, не е се така совршено како што би помислиле на прв поглед. Имено, постојаната изложеност на овој мирис може да предизвика разни бол ести, вклучувајќи и р*к. Но, кога сипувањето бензин на бензинска станица, не е неопходно да го задржувате здивот, бидејќи дури ни работниците во ваквите објекти кои се значително повеќе изложени на овие мириси немаат поголеми проблеми со здравјето.
Неврологот Алан Хирш истакнува дека мирисот на бензин повеќе ги привлекува одредени луѓе бидејќи некои од нас тоа ги потсетува на безгрижните денови од детството и летните семејни патувања, а веќе е познато дека одреден мирис може да евоцира спомени.