Зошто Русија и ја даде на Кина тајната технологија за производство на атомска бомба?

570

Во текот на 50-тите години на минатиот век, Советскиот Сојуз и предаде на Кина низа технологии, потребни за производство на кинеска нуклеарна бомба. Овој потег беше доказ и за големата доверба на двете земји и нивните народи, изјави Сергеј Наришкин, претседател на Руското историско друштво и директор на Службата за надворешно разузнавање на Русија.

Во својот говор за време на руско-кинеската видео конференција, посветена на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна, Наришкин потсети дека експертите сметаат дека фрлањето на атомската бомба врз Хирошима и Нагасаки во август 1945 година е воено злосторство.

Не е тајна дека американската демонстрација на воена сила во Хирошима и Нагасаки имаа карактер на нуклеарна уцена, која беше насочена против Советскиот сојуз. Советската наука и надворешно разузнавачката служба го прифатија предизвикот и наскоро Советскиот Сојуз имаше свое нуклеарно оружје, што ја исклучи можноста за неказнета агресија од САД, рече Наришкин.

Првото советско атомско оружје беше тестирано на 29 август 1949 година.

Кинеските научници беа информирани за нашиот нуклеарен развој, што значеше поголем степен на доверба меѓу нашите земји и народи, рече тој.

На 15 октомври 1957 година Советскиот сојуз и Кина потпишаа договор со кој се предвидува предавање на бројни технологии за производство на атомско оружје на Кина. За тестирање беше избран полигинот Лоб Нор.

Во 1958 година, советските научници помогнаа во изградбата и ставањето во функција на првиот кинески експериментален атомски реактор со тешка вода. Околу 11 000 кинески научници беа обучени во Советскиот Сојуз, додека советските научници работеа во Кина.