Зошто руските морнари никогаш не се плашеле од Бермудскиот триаголник? Хмиров открил што виделе на 50 метри длабочина

821

Ветеранот на воената морнарица на Русија, контраадмиралот Всеволод Хмиров, вели дека советските и руските морнари никогаш не се плашеле од мистериозниот Бермудски триаголник.

„Сето тоа (разните неверојатни теории за Бермудскиот триаголник), покажуваат колку всушност митовите се моќни и долговечни. Третата флота на стратешките ракетни подморници две децении вршеше служба на подрачјето на Карипското море. Ниту јас, ниту моите другари во подморницата никогаш не видовме никаква необична појава за која што светот зборува.

Но, затоа видовме алги, видовме, ја почувствувавме и ја слушнавме таа топла вода на длабочина од 50 метри, чија температура беше 26 степени целзиусови. За советските морнари Бермудскиот триаголник во тоа време беше целосно безбеден“ – раскажал ветеранот за телевизија „Ѕвезда“.

Тој нагласил дека Бермудскиот триаголник и понатаму останува безбеден за руските морнари.

Луѓето отсекогаш се плашат од легендарниот Бермудски триаголник. Подрачјето помеѓу Бермуд, Флорида и островот Порторико во Атлантскиот океан, со површина од околу 1.140 квадратни километри, отсекогаш ги плашел морепловците и рибарите.

Записите за исчезнувањето бродови датираат уште од 15 век, а наводно и самиот Кристофер Колумбо на своето пловило кон Новиот свет во 1492-та година забележал некакви чудни светла над тоа подрачје.

Според непотврдената статистика, во тој дел од океанот досега исчезнале 8.152 луѓе.